уметников | прид.

Што се однесува на уметник, што му припаѓа на уметник. Силата на уметниковото перо. На уметниковото око не му бега таа подробност.

уметнички | прид.

Што се однесува на уметност. Уметнички достигнувања. Уметничка слика. Уметничка фотографија. Уметничка академија. Уметничка литература. Уметничка дејност.

уметништво | ср.

Уметничко творење, склоност кон уметноста.

уметност | м.

Творечка дејност на човекот со која ги изразува своите чувства, емоции и мисли на начин кој причинува естетско задоволство, а изразено преку боја, збор, тон, движење и др. Ликовна уметност. Филмска уметност. Историја на уметноста.

умешен | прид.

Што е вешт, што има фат. Нејзините умешни раце вешто го обликуваа цветот од хартија.

умилен 1 | прид.

Што е тажен, ујаден. Умилено лице.

умилен 2 | прид.

Што е мил, нежен, пријатен. Умилен поглед. Умилен тон. Умилна насмевка. Умилни зборови. Умилна песна.

умилкува се | несв.

Се додворува, прави нешто да придобие некого. Тој ѝ се умилкуваше на една девојка. Таа им се умилкува на сите.

умилкувач | м.

Тој што се умилкува. Таа имаше многу умилкувачи.

умилкувачки | прид.

Што се однесува на умилкувач и на умилкување. Умилкувачки глас. Умилкувачки подароци.