Унгарија | ж.

Држава во Европа.

унер | м.

Чудо. Тој стана мајстор за унери. Што се овие унери?

унерџија | м.

Тој што прави, изведува унери.

унесреќен | прид.

Глаголска придавка од унесреќи.

унесреќи | св.

Направи некого несреќен. Тој ја унесреќи жената. Разводот на ќерката ја унесреќи. Неговата болест го унесреќи целото семејство.

универзален | прид.

Што се однесува на универзум, светски, сеопшт. Универзален поим. Универзално значење. Претставата имаше универзални пораки. Универзално обележје. Универзални методи. Универзална димензија.

универзализам | м.

Филозофски поглед кој секогаш целината, општоста ја зема како одредувачка надреденост на сето поединечно и посебно. Јазичен универзализам.

универзалија | ж.

Општи работи, општи предмети.

универзалистички | прид.

Што се однесува на универзален. Универзалистички карактер.