умрен | прид.

Глаголска придавка од умре.

умртвен | прид.

Што е доведен до сосотојба на неосетливост; Умртвен нерв. Умртвени чувства.

умртви | св.

Направи нешто да не е живо, убие, усмрти. Тигарот прво ја умртви жртвата, а потоа ја изеде.

умствен | прид.

Што се однесува на ум, интелектуален; Умствен труд. Умствена работа. Умствени способности. Умствен потенцијал.

умува | несв.

Размислува, анализира нешто. Тој умува со соседите за сите денешни настани.

умштина | ж.

(пејор., ирон.) Умност, ум, памет. Ваква умштина не сме виделе.

уназади | св.

Направи да биде полошо од што било, да се вртат некои работи наназад; Тој го уназади претпријатието. Тие мерки го уназадија стопанството.

унап | м.

Дива маслинка, дафина 2; Elaegnus angustifolia. Унапите убаво мирисаат.

унапреди | св.

Поттикне напред во развојот, подобри, усоврши. По војната нагло го унапредивме земјоделството и сточарството. Со компјутерите ја унапредивме наставата по сите предмети. Оваа посета ги унапреди билатералните односи меѓу земјите.