унисон | м.
Созвучје на два или на повеќе тонови (гласови) со иста висина, едногласност.
унитарен | прид.
Што има единствено централно уредување и управување. Државите може да бидат унитарни или федеративни.
унитаризам | м.
Политички правец којшто се застапува за апсолутно единство на државата наспроти федерализмот.
унитарист | м.
Следбеник на унитаризмот.
унитаристички | прид.
Што се однесува на унитаризам и на унитарист.
унификација | ж.
Подведување под ист модел, систем, тип; уедначување, изедначување. Унификација на јазикот. Унификација на дефинирањето. Унификација на структурата на зависните земји со структурата на големите сили. Културна унификација.
унифицира | св. и несв.
Направи, прави да биде како едно, да се подведе под ист тип, модел, систем.
униформа | ж.
Службена облека со кројка и материјал дизајниран во зависност од професијата. Војничка униформа. Училишна униформа. Полициска униформа.
униформен | прид.
Што е едноличен, еднообразен.
униформира | св. и несв.
Облече, облекува униформа, еднаква облека за сите. Ги униформираа учениците од гимназијата.