униформиран | прид.

Глаголска придавка од униформира.

уништен | прид.

Глаголска придавка од уништи.

уништи | св.

Упропасти, сотре, погуби, ликвидира. Непријателот го ограбил и го уништил градот. Полицијата го уништи засолништето на бандата. Бомбата ја уништи пругата. Сушата наполно уништи поголем број површини со сончоглед. Пожарот ги уништил сите документи и вредни книги.

уништлив | прид.

Што може да се уништи.

уништувач | м.

Тој што уништил нешто, што уништува. Уништувач на природата. Уништувачи на фрески.

уништувачки | прид.

Што може да уништи, што уништува. Уништувачки поход.

унија | ж.

Сојуз, заедница на држави, нации. Европска унија. Панамериканска унија.

унијат | м.

Православен христијанин што ја признава власта на папата;

унијатство | ср.

Унијатска црква, верска припадност на унијатите.