употреблив | прид.
Што може да се употребува. Ова маса уште е употреблива. Оваа блуза уште е употреблива.
употребуван | прид.
Што е користен еднаш или повеќе пати. Оваа крпа е употребувана.
употребувач | м.
Тој што употребува, што користи нешто. Употребувачите на овој сапун се многу задоволни.
управа | ж.
Една од функциите на државната власт, којашто се изразува со донесување управни акти и нивно извршување од страна на посебни државни органи; извршна власт. Просветната инспекција е орган на државната управа.
управен | прид.
Што се однесува на управа и управување. Управни органи. Управен одбор. Управна власт. Управен суд.
управи | св.
Насочи, наврти нешто кон некаде. Капетанот го управи двогледот кон војската што се наоѓаше на другиот рид. Крадецот панично го управи пиштолот кон станарите.
управија | ж.
Управа, ред, владение, закон. Автономна управија.
управител | м.
Тој што управува, раководи со нешто. Управител на училиште. Управител на област.
управителов | прид.
Што му припаѓа на управител. Управителовата канцеларија беше на крајот од ходникот.
управник | м.