упокоен 2 | прид.

Што е за упокојување на душата на мртвите. Упокојна молитва.

упокои | св.

Даде некому покој, смирување. Упокој си ја душата, смири се малку.

упорен | прид.

а) Што е истраен во нешто. Тој е упорен во започнатата работа. б) Што произлегува од истрајноста, од упорноста. Упорната работа даде плод.

упорит | прид.

упориште | ср.

Потпор на кој се потпира, стои, се држи некој или нешто. Бара упориште да може да застане.

упорство | ср.

Упорност, истрајност. Период на упорство, искушенија и страдања.

употреба | ж.

Примена, служење со нешто, користење, употребување. Прекумерна употреба на сила. Пред употреба на лекот треба да се прочита упатството. Употреба на наркотици. Таа машина е исфрлена од употреба. Производот е пуштен во употреба.

употребен 1 | прид.

Глаголска придавка од употреби.

употребен 2 | прид.

Што се употребува, што има вредност по својата употреба, што е применлив. Употребна вредност.

употреби | св.

Примени, се послужи, искористи. Јас употребив два метра штоф во изработката на овој модел.