управува | несв.
Владее, раководи. Директорот веќе четири години успешно управува со ова претпријатие. Таа управуваше со имотот, ги гледаше сметките и тргуваше.
управувач | м.
Тој што управува; управител, управник. Управувач на производството.
упрек | м.
Прекор. Жесток упрек. Колку упреци, колку потсмевања сум слушнал.
упрекне | св.
Прекори, укори, префрли некому нешто. Тој остро ги упрекна децата.
упропастен | прид.
Глаголска придавка од упропасти.
упропасти | св.
Расипе, уништи нешто. Сестра ми ми ги упропасти новите чевли. Врапците ни ја упропастија лозата. Тој го упропасти семејството коцкајќи се. Таа си го упропасти здравјето од прекумерна напорна работа. Градот ја упропасти жетвата.
упропастител | м.
упропастувач | м.
Тој што упропастува, што уништува. Тој е упропастувачот на нашето семејство.
упростен | прид.
Глаголска придавка од упрости.
упрости | св.
Направи попросто, поедностави. На овој начин го упростуваме математичкиот израз. Овој прирачник им ја упростува работата на наставниците во основното образование.