урок 1 | м.

Облик на црна магија при што се верува дека со поглед може некому да му се нанесе зло. Бае од уроци. Да не му е од урок. Лесно го фаќаат уроци.

урок 2 | м.

Училишна задача, лекција. Ги подготви уроците за следниот ден. Учителот им зададе нови уроци.

уроклив | прид.

За очи, поглед ‒ што има магиска моќ да урочи. Урокливи очи.

уролог | м.

Лекар, специјалист по урологија.

урологија | ж.

Гранка на медицината, наука за болестите и лекувањето на мочните органи.

урочен | прид.

Глаголска придавка од урочи.

урочи | св.

Фрли урок на некого. Жената го урочи детето.

урочлив | прид.

Уругвај | м.

Држава во Јужна Америка.

уруглица | ж.

Крстат бајрак, свадбено обредно знаме.