услагоди | св.

Уреди, доведе во ред. Ја услагоди куќата.

услади | св.

Стане слатко, вкусно некому нешто. Му се услади ручекот.

уследи | св.

Дојде како последица, се случи по нешто, потоа. Набргу уследи второто издание на книгата. Уследија демонстрации на незадоволните работници.

услиши | св.

Усвои, исполни молба. Ќе ја услиши Господ молитвата наша.

услов | м.

Тоа што треба да се исполни. Го исполни условот за учество во наградната игра. Фати услов за четврта година.

условен 1 | прид.

Што се наоѓа во причинска зависност од нешто, што е во зависност од некаков услов. Бојата е условена од пигментот што го содржи.

условен 2 | прид.

Што е претходно договорен, спогодбен. Условен термин. Условни скратеници на имиња на држави.