услови | св.
Постави услов, ограничи со некаков услов. Сопственикот на куќата ги услови станарите со високи кирии. Сосетката ме услови за услугата да ѝ помогнам во работата.
усложнет | прид.
Што е компликуван, замрсен; Усложнета ситуација. Усложнети услови за работа.
усложни | св.
Направи посложено; компликува. Ти ја усложни работата со новите барања. Стресот ја усложни здравствената состојба.
услуга | ж.
Чин, акт, постапка што значи помош за некој друг или полза за некој друг. Му направи голема услуга. Им правеа малечки услуги на станарите. Таа услуга никогаш нема да ти ја заборавам.
услужен | прид.
Што е подготвен да направи услуга; услужлив. Девојката беше бистра и многу услужна.
услужи | св.
Послужи гостин, муштерија и сл. Таа ги услужи купувачите. Барменот го услужи гостинот со ракија.
услужлив | прид.
Што сака да услужува, што без проблем услужува. Услужлива келнерка. Услужливо момче.
услуп | м.
Складен изглед, склад, складност. Кога ја виде, се зачуди на услупот нејзин.
услупен | прид.
Што е убаво, складно граден. Услупна жена.
усмев | ж.