усрами | св.
Направи некој да биде засрамен. Сосетката зборувајќи штогоде, ме усрами пред роднините. Ќерка ми ме усрами пред гостите.
усреќен | прид.
Што е среќен, што станал среќен.
усреќи | св.
Донесе среќа некому. Детето нè усреќи, ни го измени животот. Таа ги усреќи со новоста што им ја соопшти.
усреќител | м.
Тој што носи среќа, што усреќува.
уста 1 | ж.
(анат.) а) Отвор на долниот дел од лицето на човекот во кој се сместени забите и јазикот, низ кој тој се храни, зборува. Дише со отворена уста. Свири со уста. Беззаба уста. Насмеана уста. б) Кај животните ‒ сличен отвор, орган преку кој се хранат, а кај товарните место каде што се поставува направата за управување со животното при движење. в) Сличен отвор, орган кај рибите.
уста 2 | м.
Мајстор, уметник; устабаша.
устабаша | ж.
Главен мајстор, најдобар мајстор во еден занает
устав 1 | м.
Највисок правен акт којшто ги опфаќа основните правила за општествено и државно уредување на една држава.
устав 2 | м.
Старинско писмо со главни букви.
уставен 1 | прид.
Што се однесува на уставУставен суд. Уставни поставки.