уставен 2 | прид.
Што се однесува на устав2. Уставно писмо.
уставотворен | прид.
Што создава, што има право да донесе устав. Уставотворно собрание.
уставотворец | м.
Тој што донесува устав.
установа | ж.
Организациона единица на државната управа за остварување културни, просветни, социјални, здравствени, научни и слични задачи, кои со прописи им се поставени на органите на државната управа како нивна општествена должност. Научна установа. Здравствена установа. Културна установа.
установен | прид.
Што е потврден; востановен. Установени правила. Установена содржина. Установен ред.
установи | св.
Создаде, направи, воведе нешто по некој систем; востанови. Установи нови правила.
устат | прид.
Што е со големи или со дебели усни.
устатлија | м.
Тој што има големи и дебели усни.
усташ | м.
Припадник на хрватска фашистичка организација.
усте | ср.