уводен | прид.
Што служи како увод; воведен. Уводна реч. Уводно излагање. Уводни забелешки.
уводник | м.
Во весник, списание и сл. ‒ уводна статија.
уводничар | м.
Тој што пишува уводници.
увоз | м.
Внесување стока од странство во земјата. Увоз на производи од прехранбената индустрија.
увозен | прид.
Што се однесува на увоз, што е од увоз. Увозен тарифник. Увозна трговија. Увозни производи.
увозник | м.
Тој што увезува стока од странство;
увознина | ж.
Такса за увоз на стока.
увозница | ж.
Дозвола за увоз на стока.
Уганда | ж.
Држава во Африка.
угар | м.
Нива изорана и оставена несеана за да прележи така една година. Ја оставија нивата под угар.