увери | св.
Докаже некому вистинитост, правилност на нешто, убеди. Го увери дека тоа е лага. Настаните од пред некој ден нè уверија дека сè е можно.
уверлив | прид.
Што уверува, убедува, што може да увери, да убеди. Уверлив говор.
увертира | ж.
(муз.) а) Оркестарски вовед во поголемо музичко дело (опера, балет и др.), предигра. б) Помало музичко дело за оркестар.
увид | м.
Преглед, разгледување, подобро, поподробно запознавање со нешто. Има увид во работата на проектот.
увиди | св.
Согледа, сфати. Ја увиде грешката што ја направи. Тој уште млад увиде дека животот не е лесен. Таа навреме ја увиде бесполезноста од таа работа. Управниот одбор конечно ја увиде неактивноста на клубот.
увие | св.
Завие, завитка во нешто; завие1 2. Навие околу нешто, со нешто. Увиј ја прачката со жица.
увилен | прид.
Што е натажен. Увилени жени седеа на портите.
увили се | св.
Се натажи, се растажи. Тој се увили кога ја виде куќата урната.
уво | ср.
Орган на слухот кај човек и кај животно. Органот за слух се состои од надворешно, средно и внатрешно уво.
увод | м.
Почетен, воведен дел на книга, статија, расправа, воопшто на пишан текст, почетен дел на говор; вовед. Во уводот на книгата авторот ја објаснува својата методолошка постапка.