угарен | прид.

Што е под угар. Угарна нива.

угари | несв.

Ора нива за угар. Ја угари горната нива.

угарка | м.

Нагорено, недоизгаснато дрво; гламна

угаси | св.

угаслив | прид.

Што може да биде угаснат.

угаснат | прид.

Глаголска придавка од угасне.

угасне | св.

Направи нешто да не гори или да не свети. Пожарникарите го угаснаа огнот со вода. Тој ја угасна свеќата.

уѓе | прил.

Само компаратив, во изразот Нека му е уѓе ‒ малку е тоа за него, така му треба.

угич | м.

Овен што ги води овците, што оди напред, овен предводник.

углед | м.

Добар глас, авторитет, достоинство што ја ужива поединец или група во една средина. Тоа му го подигна угледот во градот. Тој настан му го урна угледот. Тој го зацврсти својот углед како писател. Стекнал голем углед во таа средина. Во прашање е угледот на установата. Општествен углед.