утопеник | м.
утопи | св.
Натопи.
утопизам | м.
Учење коешто го одрекува дадениот свет, постојното општество, занесувајќи се со апстрактни конструкции на нови светови кои немаат никаква основа.
утопија | ж.
Замислена идеална земја во која владеат идеални општествени односи, благосотојба и среќа.
утопист | м.
Следбеник на утопизмот.
уточни | св.
Точно определи, прикаже, претстави. Го уточнија времето за средба. Уточнија како ќе се одвиваат настаните на прославата.
утре | прил.
Денот што доаѓа по денешниот, по денес. Дојди утре. Утре ќе се видиме. Утре на пладне. Утре изутрина.
утревечер | прил.
Утре навечер. Дојди утревечер кај нас. Биди утревечер тука.
утредента | прил.
На другиот ден. Утредента до пладне работата беше завршена. Утредента клепалото ги скорна селаните. Утредента замина на пат.
утреж | м.
Само во изразот: утреж куќа не врти ‒ со ветување дека нешто утре ќе се направи наместо денес, не може да се живее добро.