утрен | прид.
Што се случува на утро. Утрена молитва. Утрено сонце. Утрена служба.
утрена | ж.
Утринска црковна служба. Не пропушташе ни утрена ни вечерна.
Утрехт | м.
Универзитетски град во Холандија.
утрешен | прид.
Што се однеусва на денот по денешниот. Утрешниот ден ќе донесе нова радост. Утрешниот број на весникот излегува рано наутро.
утрешнина | ж.
Иднина, тоа што ќе се случува по денешниот ден. За подобра утрешнина. Утрешнина во која луѓето ќе живеат во поправеден свет.
утрешница | ж.
утрина 1 | ж.
Утро, рано наутро. Една утрина тргнавме в град. Неделна утрина. Пролетна утрина.
утрина 2 | ж.
Земја оставена за пасиште. Каменлива утрина. Селска утрина.
утрината | прил.
Тоа утро. Утрината тргнавме рано.
утринен | прид.