уу! | изв.

Во приговор, како израз за исчудување. Уу!...брату, што зборуваш? Уу! ами ако е добро, зошто да не сакам.

уф! | изв.

За изразување незадоволство, укор. Уф, бре дете, што направи! Уф, бре, побратиме! - воздивна прекорно. Уф, одвај чекам да тргнеме!

ух! | изв.

уха | несв.

уха! | изв.

За изразување потсилена потврда. Го скопавте ли лозјето? ‒ уха, уште пред една недела! Види го ти, уха, мажиште цело!

ухлебие | ср.

Добро место во служба, добра работа што овозможува опстанок. Најде ухлебие во печатницата.

ухне | св.

Нагласено, силно издиши воздух низ устата (обично со некоја цел). Домаќинката ухна во чашата пред да ја избрише. Ухни ми, да видам дали си пушел. Тој си ухна во рацете. Ухна во печатот.

уцена | ж.

Изнудување најчесто парични средства со закана. Неговите уцени станаа неподносливи.

уцени | св.

Со притисок, со закана изнуди пари или друго нешто, услови. Тој ги уцени чорбаџиите со голем откуп.

уценувач | м.

Тој што уценува, што се служи со уцена, што врши уцена. Уценувачите се јавија со своите барања.