фантазмагоричен | прид.

Што е плод на фантазмагорија, што се засновува врз фантазмагорија. Сликите во делото се редат: од реални до фантазмагорични.

фантазмагорија | ж.

Необично, несфатливо, загадочно, фантастично привидение, визија.

фантаст | м.

Фантазер, мечтател. Тој беше фантаст и сонувач. Не беше единствен фантаст во тој пасивен предел.

фантастика | ж.

Тоа што е плод на фантазија, што е измислено, чудно, натприродно.

фантастичен | прид.

Што е плод на фантазија; фантастика_1_2 Фантастичен расказ. Фантастични приказни.

фантизма | ж.

Сениште, привидение. Го плашеа фантазмите од минатото. За‒пишувачот бележел главно фантазми.

фантом | м.

Сениште, привидение, дух. Се насобрале околу него фантоми, го влечеле за нос и за уши, му ги чепкале забите со црни нокти.

фантомка | ж.

Маска што се става преку лицето со прорези за очите со цел да не се препознае лицето што ја носи. Напаѓачите носеле фантомки на главите.

фанфара | ж.

Кратка свечена мелодија за лимени дувачки инструменти.

фанфарен | прид.

Што се однесува, што е за фанфари, што е придружен од фанфари. Фанфарен почеток. Фанфарна мелодија.