фанатик | зам.

Тој што е страсно, фанатички приврзан кон нешто, што е обземен од фанати Верски фанатик.

фанатичен | прид.

Што е обземен од фанатизам, што пројавува фанатизам. Фанатичен поборник за социјални права. Фанатична помиреност со судбината. Фанатична увереност во нешто. Фанатична занесеност.

фанела | ж.

Волнена или платнена поткошула. Таа му покажа две фанели. Дебели волнени фанели.

фанк | м.

Вид модерна поп-музика со силен ритам, темелник на диско-музиката настаната кон крајот на 60‒те години на дваесеттиот век.

фанта | ж.

Вид коцкарска игра со фрлање паричка на обележана линија. Децата што играат фанта треба да се казнат.

фантазер | м.

Човек што има склоност кон фантазирање, мечтател; занесеник, сонувач. Занесен фантазер. Бившиот фантазер сепак успеа убаво да го уреди својот мал свет.

фантазерство | ср.

Склоност кон фантазирање, особина, пројава на фантазер. Тој ја сметаше таа работа за штетно и опасно фантазерство.

фантазира | несв.

Си замислува нешто, се занесува, мечтае. Наместо да работи, фантазира. Фантазираше за некое праведно уредување во светот. Фантазира за успех во кариерата.

фантазија | ж.

а) Способност да се замислува, да се претставува нешто во свеста, без непосредно да се види, да се почувствува; вообразба, мечта. Детски фантазии. Младешки фантазии. Творечка фантазија. Болна фантазија. Бујна фантазија. б) Плод на таква способност, на вообразба, на мечта. Авторката имала жива фантазија.