фанфарство | ср.

Накитеност, фалбаџиство во однесувањето или зборувањето. Ве молам, без секакво фанфарство.

фап! | изв.

За изразување или претставување нагло, неочекувано, без движење при фаќање, земање, добивање нешто. Ќе дојде први и ... фап ‒ платичка!

фар | м.

Предна голема светилка со рефлектор (најчесто две) на моторни возила за осветлување на патот.

фара | ж.

Народ, род, потекло, сој. Најдете си кум спроти себе, од вашата фара.

фараон | м.

(истор.) Владетел во стариот Египет.

фараонов | прид.

Што припаѓа, што е на фараон. Фараонова ќерка.

фараш | м.

Сад за ѓубре, ѓубрарник.