фарба | ж.
Боја. Фарба за коса. Фарба за јајца.
фарба | несв.
Бојадисува. Ја фарбаат оградата зелено. Почна да ја фарба косата костенлива.
фарисеј | м.
(истор.) Припадник на религиозно-политичка секта во древна Јудеја што се истакнувала со строго одржување на сите обреди, со надворешна, лицемерна побожност.
фарисејство | ср.
Лицемерство.
фарисејштина | ж.
фарк | прид.
Итар, снаодлив. Оваа пофарк ќе излезе од сите нашински невести. Треба да се види која е пофарк во домаќинлакот.
фарма | ж.
Земјиштен посед, заедно со објектите на него, на кој се одгледуваат земјоделски култури или стока и живина. Живинарска фарма. Сточарска фарма.
фармак | м.
Отров. Му ставиле фармак во јадењето.
фармаколог | м.
Специјалист по фармакологија.
фармакологија | ж.
Наука што го проучува дејството на лековите врз организмот.