фармакопеја | ж.
Книга или збирка прописи за подготвувањето, чувањето и постапувањето со лековите.
фармацевт | м.
Специјалист по фармација. Син му стана фармацевт. Колку фармацевти имате вработено во аптеката?
фармацевтски | прид.
Што се однесува на фармацевт. Фармацевтската работа навидум е лесна, но бара многу знаење и голема одговорност.
фармација | ж.
Наука за познавањето, подготвувањето, испитувањето, издавањето и чувањето на лековите; аптекарство. Фармацијата како наука се развива многу брзо.
фармер | м.
Сопственик на фарма. Протест на фармерите поради откупот на млекото. Асоцијација на фармери.
фармерки | и.
Панталони, првенствено сини од јако платно (тексас) за работа на фарма.
фармски | прид.
Што се однесува, што припаѓа на фарма. Фармски животни. Фармски начин на одгледување добиток.
фарса | ж.
(книж.) Посебен вид комедија во која смешното се постигнува со двосмисленост на зборовите и со груби шеги и смешни ефекти.
фарсичен | прид.
Што има карактер на фарса, што се прима, што се сфаќа како фарса.
Фарски Острови | и.
Данска група острови меѓу Норвешкото Море и Северниот Атлантски Океан.