фасада | ж.
а) Предната страна, лицето на зграда. б) Надворешната површина на зградата. Ја обновија фасадата. Ставија нова фасада.
фасаден | прид.
Што припаѓа, што се однесува на фасада. Фасаден камен. Фасадни украси.
фасадер | м.
Работник што изработува фасади. На крајот настапуваат фасадерите.
фасонка | ж.
Направа во која се завртува светилката и на тој начин се поврзува со електричната инсталација. Ги украле дури и фасонките од станот. Светилката не одговара на фасонката.
фастан | м.
фасцикла | ж.
Кутија, тврди корици за чување документи, акти и сл.; Сите документи за него ги најдов во три фасцикли.
фасцинантен | прид.
Што фасцинира, што воодушевува, што восхитува. Со фасцинантна нежност нејзината виолина го исполнуваше просторот.
фасцинација | ж.
Одушевеност, восхит. Намерата на критичарот е да се согледаат некои опсесии и фасцинации на поетот.
фасцинира | св. и несв.
Воодушеви, воодушевува; восхити, восхитува. Неговата искреност и енциклопедиска информираност нè фасцинира.
фасциниран | прид.
Што е восхитен, што е воодушевен. Таа беше фасцинирана од неговата музика.