фат | м.

Умешност, дарба, способност, вештина во работата, особено со раце. За тоа треба фат. Везилката треба да има фат.

фатален | прид.

Што е судбоносен, неизбежен, погубен, смртоносен. Фатален миг. Фатална грешка. Фатални последици. Фатална болест.

фатализам | м.

Верување дека појавите и настаните се предопределени и судбински неизбежни.

фаталист | зам.

Тој што е обземен од фатали

фаталистички | прид.

Што се однесува на фаталист и на фатали

фатаморгана | ж.

Оптичка појава, мамка во атмосферата (обично во пустините и на морињата) кога, поради прекршување и полно одбивање на светлосните зраци, се чини како во далечината да се гледаат оази, предели, предмети што ги нема таму.

фатен | прид.

Глаголска придавка од фати.

фатеност | ж.

Состојба на тој што е фатен, неподвижен, парализиран. Фатеноста на ногата значеше несигурна иднина, за него и за неговите деца.

фати | св.

Земе нешто или некого со рака. Го фати детето за рака.

фатка | ж.

Специјално направено парче текстил за фаќање жешки предмети.