фашизира | св. и несв.
Воведе, воведува фашистички методи и ставови.
фашира | св. и несв.
Раздроби, раздробува месо на ситни парчиња.
фаширан | прид.
За месо ‒ раздробено на ситни парчиња. Фаширана шницла. Фаширан ролат.
фашист | м.
Приврзаник на фашизмот, припадник на фашистичка организација.
фашистички | прид.
Што се однесува, што припаѓа на фашизам и на фашист.
фајанс | м.
Вид керамика од печена глина глазиран со бела непроѕирна глазура погоден за декорирање на украсни предмети.
фајансен | прид.
Што се однесува на фајанс, што е од фајанс
фајда | ж.
фајде | ср.
(разг.) Корист, интерес. Од тоа нема фајде? Кога видела дека нема фајде, си заминала.
фајделив | прид.
Корисен. Фајделива работа. Фајделива поука.