фајл | м.
Програма и посебен дел од компјутерска програма, документ, слика, музичка композиција и друг тип на податоци запишани во дигитална форма и снимени, сместени како посебна логичка и физичка целост на некој носител на податоци: тврд диск, магнетна лента и др.
фајронт | м.
Време кога се завршува со работата, особено во врска со ноќните локали и кафеани. Фајронт, сите дома! Ќе седиме до фајронт!
фебрилен | прид.
Што се однесува на грозница, треска, што има грозница; трескав, грозничав. Пациентот ја надмина фебрилната фаза од болеста.
февруари | м.
Вториот месец од календарската година;
февче | ср.
федер | м.
Еластична метална лента во разни форми или жица, обично спирално навиткана, што се враќа во првобитната форма кога престанува силата што дејствува врз неа.
федерален | прид.
Што се однесува на федерација, што припаѓа на федерација. Федерална единица. Федерална полиција.
федерализам | м.
Државно уредување врз федеративни принципи.
федерализација | ж.
Процес на воведување и изградување систем на федеративно државно уредување.
федерализира | св. и несв.
Воведе, воведува систем на федеративно уредување во државата.