федералист | м.
Приврзаник на федерализмот.
федералистички | прид.
Што се однесува, што припаѓа на федералист и на федерација.
федеративен | прид.
Што е во состав на федерација, што припаѓа на федерација, сојузен. Федеративна република. Федеративно државно уредување.
федерација | ж.
Облик на уредување во кој државата е составена од повеќе единици со посебен статус и права во однос на федеративната држава; сојузна држава.
федерира | св. и несв.
Се стегне и се растегне, се стега и се растега под притисок. Креветот добро федерира.
фекален | прид.
Што доаѓа од канализација, отпаден. Фекални води. Фекални бактерии.
фекалија | ж.
Нечистотија, талог, измет, најчесто од канализација. Погон за одвод и депонирање на фекалиите.
фела | ж.
Род, вид.
фелер | м.
Грешка, особено при текстилното производство. Блузата навистина е со фелер, но затоа е поевтина.
фелеричен | прид.
Што е со грешка во производството. Продаваат фелерична стока.