фелија | ж.

Пресечено парче леб или некакво овошје. Изеде една фелија леб.

феминизам | м.

Движење што се залага жената да има еднакви права како мажот во работните односи и во социјалната положба. Феминизмот како движење за правата на жената, наоѓа свој одраз и во литературата.

феминизира се | св. и несв.

Добие, добива карактеристики на жена. Забележуваш како момчето постепено се феминизира.

феминизсран | прид.

Обично за маж: што има карактеристики, особини на жена. Во последно време станува изразито феминизиран во начинот на зборување, во гестикулацијата.

феминист | м.

Приврзаник на феминизмот.

фен | м.

Топол, сув пролетен ветер на Алпите.

фенер | м.

Светилка со заштитна кутија во која е сместен изворот на светлината (пламен од свеќа и сл.). Луѓето одеа со запалени фенери.

фенерџија | м.

Тој што е задолжен за палење и гаснење на јавните фенери. Фенерџијата почна да ги пали фенерите.

Феникија | ж.

Древна држава на Блискиот Исток.