феникс | м.

(мит.) Митска птица што при крајот на животниот век изгорува, а потоа одново се раѓа од својата пепел.

феномен | м.

Појава податлива на спознание. Природен феномен.

феноменален | прид.

Извонреден, исклучително способен или добар. Филмот е феноменален.

фер | прид.

Чесен, правичен, непристрасен (за лице, постапка, однос). Фер однесување. Фер играч.

фереџе | ж.

Горен дел од облеката кај муслиманките, која го покрива лицето на жената. Жената носеше фереџе. Дошло време на девојката да ѝ го покријат лицето со фереџе.

ферибот | м.

Брод со голема платформа за превоз на патници, стоки, возила, возови во крајбрежната пловидба. Од плоштадот се гледа широкото пристаниште, од кое заминуваат фериботите за островот.

ферија | ж.

Подолг училиштен одмор, распуст во летно време или за празници.

феријален | прид.

Што се однесува на ферии; што е наменет за организирање, поминување на фериите. Феријален дом. Феријален сојуз. Феријално одморалиште.

феријалец | м.

Член на феријален сојуз. Феријалците годинава ќе летуваат во Дубровник.

ферма | несв.

Почитува, обрнува внимание некому. Не ферма никого. Не ферма ни татко, ни мајка. Кој го ферма?!