ферман | м.

(истор.) Султански указ.

фермене | ср.

Машки елек без ракави, изработен од чоја или шајак украсен со гајтани.

фермент | м.

Органски материи што се создаваат во живите организми, способни во минимални количини силно да ги забрзаат хемиските реакции без самите да се променат; Ферментите се сложени органски соединенија, кои се содржани во секоја жива клетка.

ферментативен | прид.

Што се однесува на фермент.

ферментација | ж.

Процес на вриење, хемиски процес што го менува шеќерот во алкохол.

ферментира | св. и несв.

Се најде, се наоѓа во процес на вриење, ферментација.

феро- | претс.

Прв дел од сложенки што означува железо: феролегура, фероманган, фероникел и др.

феромагнетски | прид.

Што има силно изразени магнетски својства.

фес | м.

Вид турска црвена капа, во облик на пресечен конус, со црн пискул од средината на горната површина.

фестивал | м.

Периодична културна или уметничка манифестација. Скопски фестивал на забавни мелодии. Фестивал на пивото. Џез фестивал.