фетиш | м.
Обожаван предмет на кој му се припишуваат натприродни сили.
фетишизам | м.
Обожавање на предмет или на некоја активност во животот на човекот. Фетишизам кон животните кај некои народи.
фетишист | зам.
Тој што пројавува фетиши
фетус | м.
Зачнато бебе, особено по осмата недела од зачнувањето. Положба на фетусот во бременоста.
феуд | м.
Земја во сопственост на феудалец.
феудализам | м.
Општествено-економско уредување во кое феудалците биле сопственици на средствата за производство и имале неограничена власт на својот феуд, а селаните биле во крепосна зависност.
феудблен | прид.
Што се однесува на феуд и феудали Феудално устројство. Феудален имот.
феудблец | м.
Земјопоседник, сопственик на феуд и на другите наследни привилегии во феудализмот.
феферон | ж.
Ситно луто пиперче
фељтон | м.
Литературно-новинарски текст во кој живо и духовито се разгледува определена литературна, уметничка, популарнонаучна, општествено-политичка или друга тема, наменет за поширок круг читатели.