феферон | ж.
Ситно луто пиперче
фигура | ж.
Изработена форма од некој материјал. Шаховска фигура. Порцелански фигури.
фигурален | прид.
фигуративен | прид.
Искажан пренесено или во разни форми на сликовито изразување. Фигуративно значење на зборовите.
фигурина | ж.
Малечка декоративна скулптура на човек или животно. Домот му беше украсен со различни фигурини изработени од стакло, дрво и бронза. Жената потсетуваше на кревка фигурина од стаклен излог.
фигурира | несв.
Се појавува, учествува. Неговото име фигурира на листата за резервни играчи.
фидан | м.
Младо стебленце.
фиданбојлија | прид.
Што има витка става. Машкото ми растеше како фиданбојлија.
фиданка | ж.
фиде | ср.
Тенки, долги тестенини, обично свиткани во клопче, наменети за подготвување супи. Во супата стави малку фиде. Супа со фиде.