фидеизам | м.

Назадно учење што ја става религијата пред науката.

фидеист | м.

Приврзаник на фидеизмот.

физијатар | м.

Лекар по физикална медицина.

физика | ж.

Природна наука што ги проучува општите својства и градбата на материјата, формите на нејзиното движење и промени, појавите во природата и закономерностите по кои тие појави се случуваат.

физикалец | м.

Тој што работи физичка работа, физички работник.

физио- | претс.

Како прв дел од сложени зборови што означуваат природа и тоа што е повразно со природата: физиологија, физиотерапија.

физиолог | м.

Специјалист по физиологија.

физиологија | ж.

Наука што ги проучува функциите на организмот.