физиономија | ж.
Лице, цртите на лицето, изглед на лицето. Непозната физиономија. Прекари настанати по физиономијата на човекот. Продуховена физиономија.
физиотерапевт | м.
Специјалист по физиотерапија.
физиотерапија | ж.
Начин, метода на лекување со физички средства (светло, топлина, вода, струја, масажа, магнет, механички направи и др.).
физичар | м.
Специјалист по физика.
физички | прид.
Што се однесува на физиката како наука, на појавите и процесите со кои се занимава физиката. Физички закони и појави. Физичка лабораторија.
физијатар | м.
Лекар по физикална медицина.
физијатрија | ж.
фиксатив | м.
Хемиска супстанција што служи за фиксирање, за зацврстување, обично на боја, на фотографија, филм и сл., при подготовка на разни препарати.
фиксативен | прид.
Што определува, што зацврстува.
фиксатор | м.
фиксатив.