фиксација | ж.

Процес на фиксирање со кој нешто се прави да биде постојано, зацврстено, трајно, непроменливо. Средства за фиксација.

фиксен | прид.

Што е точно утврден, постојан, непроменлив. Фиксен курс на денарот. Фиксна плата. Фиксен износ.

фиксир | м.

Хемиско средство со кое фотографијата по развивањето се прави постојана, отпорна на светлост.

фиксира | св. и несв.

Зацврсти, зацврстува во една положба Го фиксира зглобот со завој. Ги фиксира боите. Кројачот ја фиксира поставата на сакото.

фиктивен | прид.

Што се јавува како фикција, што е измислен, што не постои. Фиктивен брак. Фиктивна борба. Фиктивен капитал. Фиктивен свет.

фикус | м.

Декоративно собно растение со крупни цврсти и сјајни листови; Ficus elastica.

фикција | ж.

Нешто што не суштествува во реалноста, што е измислено, непостојно. Поетска фикција. Си создал своја фикција место реалниот свет.

фил 1 | м.

Крем или слична слатка маса за полнење на колачи, торти и сл. Фил од бадеми.

фил 2 | м.

Слон. Млеко од фил.

-фил | претс.

Како втор дел од сложени зборови со значење што сака нешто, што е расположен кон нешто: словенофил, филмофил, библиофил и др.