Филаделфија | ж.
Град во САД.
филан | зам.
филантроп | м.
Тој што ги сака луѓето; добротвор; човекољубец.
филантропија | ж.
Човекољубивост, благонаклоност, љубов спрема други луѓе.
филантропски | прид.
Што се однесува на филантроп и филантропија. Филантропски карактер.
филателист | м.
Тој што се занимава со филателија.
филателија | ж.
Систематско собирање, проучување на поштенски марки и други сродни поштенски изданија (коверти и сл.).
филдиш | м.
Слонова коска.
филдишен | прид.
Што е од слонова коска. Филдишен чешел.
филети | и.
Тенки шницли од рибино месо. Уред за смрзнување на рибини филети.