филигран | м.

Техника на изработување накит од тенка златна или сребрена жица слична на тантела.

филиз | м.

Младо стебленце, ластар. Отстрануње филизи.

филизи | несв.

Отстранува филизи.

филипика | ж.

(истор.) Остар политички говор на старогрчкиот говорник Демостен против кралот Филип Македонски.

Филипини | ср.

Островска држава во Азија.

филистер | м.

Самозадоволен и ограничен човек со тесен секојдневен и малограѓански хоризонт и лицемерно поведение.

филистерство | ср.

Состојба на филистер.

филијала | ж.

Оддел, клон на некоја установа, големо претпријатие и сл. Филијала на Стопанска банка.

филијација | ж.

Врска меѓу родителите и децата, потекло, непишано правило според кое на секој поединец му е одредено местото во потесната и во пошироката сродничка група на која ѝ припаѓа.