Филипини | ср.

Островска држава во Азија.

филистер | м.

Самозадоволен и ограничен човек со тесен секојдневен и малограѓански хоризонт и лицемерно поведение.

филистерство | ср.

Состојба на филистер.

филм | м.

Тенка целулоидна лента за снимање во кинематографијата и фотографијата. Има ли филм во фотоапаратот. Колор филм. Црно-бел филм.

филмаџија | м.

Тој што работи на филм, филмски работник.

филмолог | м.

Тој што се занимава со филмологија.

филмологија | ж.

Наука што го проучува филмот.

филмофил | м.

Тој што многу сака да гледа филмови.

филмски | прид.

Што се однесува, што припаѓа на филм. Филмска лента. Филмско платно. Филмско студио.

филмува | несв.

Пренесува на филм некој настан, книжевно дело, снима филм.