финализација | ж.
Процес на завршување, довршување на нешто, завршна фаза на нешто. Тука производите влегуваат во процес на финализација.
финалист | м.
Тој што влегол во финале, што се натпреварува во финале.
финанс | м.
Даночен службеник.
финансиер | м.
Тој што финансира, што вложува пари во нешто.
финансии | и.
Целокупност од парични средства, парични операции, трансакции поврзани со функционирањето на државата. Министерство за финансии.
финансира | св. и несв.
Вложи, вложува пари во некоја работа. Тој ја финасираше изградбата на фабриката. Учениците го финансираа последниот број на училишниот весник. Министерството за наука ја финансира дејноста на институциите од национален интерес.
финансиски | прид.
Што се однесува на организацијата на финансиите; паричен. Финансиска криза. Финансиски план. Финансиски проблеми. Финансиско работење.
финансист | м.
Специјалист по финансии.
фингира | св. и несв.
Измисли, измислува, намести, наместува како да е вистинито. Фингираше дека е болен.
финеса | ж.
Поединост, особеност, тоа што е особено фино, префинето, истанченост, нежност. Филигрански вокални финеси. Уште неколку финеси за крај и завршуваме со работа.