филтрација | ж.

Процедување низ филтер, процес на филтрирање.

филтрира | св. и несв.

Процеди, процедува, прочисти, прочистува, пропушти, пропушта низ филтер материја во течна или гасовита состојба. Ја филтрираат водата за пиење. Лаборантите во клиничката лабараторија, за определени анализи ја филтрираат крвта. Филтрите вградени во современите возила ги филтрираат издувните гасови.

филува | несв.

Премачкува, полни со нешто. Домаќинката ја филува тортата со млечен крем и свежо овошје. Таа ги филуваше палачинките со мед и мелени ореви.

филхармоничар | м.

Музичар што учествува во филхармониски оркестар.

филхармонија | ж.

Симфониски оркестар.

филц | м.

Валано сукно од зајачко или друг вид влакно за изработка на шапки, кебиња, разни филтри, украсни предмети и др.

филџан | м.

Сад од кој се пие кафе, чај, шербет или салеп, првобитно без рачка. Филџан кафе.

фин | прид.

Што е истанчен, изгладен, нежен, деликатен. Фини црти на лицето.

финале | ср.

Крај, свршеток на нешто. Трагично животно финале.

финален | прид.

Завршен, краен, конечен. Финален производ. Финален натпревар. Финална сцена.