финиш | м.
(спорт.) Завршен дел на спортски натпревар во брзина. Тој нема сили да го издржи финишот.
финишира | св. и несв.
(спорт.) Заврши, завршува спортски натпревар. Тој финишира проследен со овации на публиката.
финк | м.
Кожурец на свилената буба.
Финска | ж.
Држава во Европа.
финта | ж.
(разг.) Ситно лукавство, измама, штос. Тој цело време се служи со финти.
фиока | ж.
Четвртеста кутија во маса, плакар што се извлекува. Пребарува по фиоките во бирото.
фиокар | м.
Шкаф, орманче со фиоки.
фира | ж.
Губење тежина на стока поради исушување, скапување, повредување и сл.; отпадок.
фиран | прид.
Само во изразот фиран стори (направи) со значење: упропасти, уништи, опустоши.
Фиренца | ж.
Град во Италија.