фирка | несв.

Дува силно. Тука многу фирка.

фирма | ж.

Трговско или индустриско претпријатие. Отвори фирма за извоз на стоки. Угледна фирма.

фирмарина | ж.

Давачка на државата од страна на фирмите.

фирмописец | м.

Лице што пишува фирми.

фирнајс | м.

Маслена или смолеста течност со која се премачкуваат разни дрвени или метални предмети за да се заштитат од влага и воздух.

фироса | св.

Упропасти, уништи. Сè фироса. Ги фироса алиштата.

фирц | м.

Лабав бод со кој се подготвува материјалот за шиење. Извади го фирцот.

фирца | несв.

Прошива на рака, лабаво, шие пред конечното шиење на машина. Го фирца палтото за да може да го проба.

фис | м.

Племе, братство, сој. Па нели сме фис.

фис! | изв.

Звук што се слуша при удар, особено на камшик, прачка и сл.