фисионен | прид.

Што се однесува на фисија.

фисија | ж.

Цепење, делење на атомското јадро при што се ослободува голема количина енергија. Јадрена фисија.

фискал | м.

Правен застапник на државната благајна.

фискален | прид.

Што се однесува на фискус. Фискална управа. Фискални даноци. Фискална политика.

фискија | ж.

Цевка од која тече вода, славина. Ќе работиме додека трае и последната фискија од онаа богата, надојдена вода.

фискултура | ж.

Физичка култура.

фискултурен | прид.

Што се однесува на фискултура. Фискултурна сала.

фискултурник | м.

Тој што професионално се занимава со спорт, со фискултура, спортист; професор по фискултура.

фискус | м.

Државна благајна.