фистак | м.
Суптропско овошно дрво што дава мали јајчести плодови со тврда обвивка, распукана по средишниот дел; Pistacia vera.
фисташка | ж.
фистула | ж.
(мед.) Отвор, гноен канал на кожата. Ако процесот долго трае, од овие гнојни огништа се создаваат фистули од кои тече гној.
фит 1 | прид.
Што е готов, способен, што е во добра форма. Сите играчи се фит.
фит 2 | прил.
Изедначено, рамно. Сега сме фит. Да бидеме фит на фит.
фитил | м.
Памучна лента, врвца што гори во ламба, кандило, свеќа и сл. Фитилот на ламбата догорел. Го потсили фитилот на петролејката.
фитилен | прид.
Што се однесува на фитил. Фитилен пламен.
фитилест | прид.
Што личи, што потсетува на фитил. Руното им е фитилесто.
фитили | св.
Направи да биде како фитил. Ги фитили мустаќите.
фитилник | м.
Старинска земјена ламба, виделце.