фито- | претс.

Како прв дел од сложени зборови што означуваат дека означеното во вториот дел е во врска со растенијата, со билките: фитогеографија, фитоекологија, фитопатологија и др.

фитогеографија | ж.

Дел од биологијата што се занимава со географската распространетост на растенијата.

фитоекологија | ж.

Наука што се занимава со проучувањето на околината (клима, почва, жив свет) во однос на растенијата.

фитопатологија | ж.

Наука што се занимава со болестите на растенијата и нивното лекување.

фитофармација | ж.

Наука што се занимава со заштитата на растенијата од болести, штетници и плевели со хемиски средства, како и последиците од неа.

фиу! | изв.

Звук што се слуша при свирење, струење на ветер или на звук што го прави предмет што се движи брзо во воздухот.

фиук | м.

Звук што се создава при брзо движење на предмети во воздухот или при струење на воздух. Фиук на ветрот. Остри фиуци.

фиука | несв.

Прави фиук; се движи правејќи фиук; фрчи. Ветрот фиука. Косата фиука.

фифти‒фифти | прил.

При поделба ‒ по половина. Добивката ќе ја делиме фифти‒фифти.