фиша | ж.

Картонче или ливче со различни податоци што се користи во научната работа, при правење речници, картотеки и сл. Библиографска фиша.

фишбајн | м.

Рибина коска, рожеста плочка во устата на кит од која се прават разни делови што се ставаат во мидер, разни украси, чешли и сл.

фишек | м.

Патрон што се полни со експлозивно полнење за пукање од пушка, пиштол и сл.; куршум. Реденик со фишеци. Последниот фишек ќе го чуваш за себе. Две пачки со фишеци. Сандаци со фишеци.

фишеклак | м.

Кожена торбичка за чување фишеци; реденик. Носеше фишеклаци накрст.

фијакерист | м.

Тој што управува со фијакер.

фијаско | ср.

Голем, целосен неуспех. Доживеа фијаско. Семејно фијаско.

фиљан | зам.

Некој, тој и тој, негде; Фиљан човек. Фиљан село.

Фиџи | ср.

Островска држава во Тихиот Океан.