флебит | м.
флебитис | м.
Воспаление на вените.
флегма | ж.
Ладнокрвност, невозбудливост што се граничи со рамнодушност. Неговата флегма нема граници. Чудна флегма владееше во семејството.
флегматик | м.
Еден од четирите основни типови карактери, тој што е ладнокрвен, што тешко се возбудува, ладнокрвен, рамнодушен човек; тој што е флегматичен.
флегматичен | прид.
Што е тром, млитав, ладнокрвен, рамнодушен. Флегматичен човек. Флегматична жена. Флегматично момче.
флека | ж.
Извалкано место на облека; дамка, петно.
флекав | прид.
Што има флеки, што е нечист, што е извалкан.
флекница | ж.
флексибилен | прид.
Што е еластичен, што е приспособлив, што е променлив. Флексибилни решенија. Флексибилен однос.
флексивен | прид.
Што се однесува на флексија, што има флексија. Флексивни јазици.