флексија | ж.

Промена на наставките при деклинацијата и конјугацијата; заеднички назив за деклинација и конјугација.

флерт | м.

Љубовна игра, кокетирање, забава без обврски.

флертува | несв.

Се забавува со спротивен пол без сериозна намера.

флеш 1 | м.

Магнезиумова светлина при фотографирање; блиц.

флеш 2 | м.

Фигура во картите кај некои игри (покер) кога играчот ги собира сите пет карти од една боја по ред.

флеш 3 | м.

Многу куса, важна вест што ја добиваат средствата за информирање. Флеш вести.

флејта | ж.

Дувачки инструмент со кој се свири поставен на едната страна, со привлечен, нежен кадифест звук.

флејтист | м.

Тој што свири на флејта.

флигорна | ж.

Музички инструмент со мека звучност; рог.

флигорнист | м.

Музичар што свири на флигорна.